Музика на кирилица

Во Нова Градишка и Загреб ќе се одбележи годишнината од смртта на Тоше (Фото)

Во сабота, 16-ти октомври, се навршуваат четиринаесет долги години од смртта на Тоше Проески.
Хрватската дискографска куќа Хит рекордс традиционално, во пресрет на оваа тажна годишнина заедно со Туристичката заедница на Нова Градишка и обожавателите подготвија неколку настани во спомен на Тоше.

Еден од оние кои негуваа посебна традиција со години се маратонците кои и овој пат ќе истрчаат од Нова Градишка до родниот град на Тоше, Крушево. Меморијалниот маратон ќе започне во четврток, 14 -ти октомври. во 17 часот, од стадионот „НК Слога“ во Нова Градишка, додека во пресрет на почетокот во 16:15 часот, ќе има
положување венци пред споменикот на Тоше, кој е дел од локалното училиште за електротехника и економија.

Како и секоја година, во Загреб во црквата кај Роков перивој, во недела (17-ти октомври) од 11:00 часот, ќе се одржи свечена миса.

Можеби ќе ве интересира: