Музика на кирилица

Гламурозна свадба: Се омажи Каролина Гочева (Фото)

Македонската поп принцеза Каролина Гочева вчера вечер во специјално уреден хангар на аеродромот “Стенковец”, во близина на Скопје, стапи во брак со уметникот Михаел Корубин.

Датумот на венчавката се чуваше во тајност до последниот ден, а на прославата беа поканети само блиските пријатели и роднини на младиот брачен пар. Од познатите личности кои присуствуваа на свадбата ги издвојуваме: Елена Ристеска, Панчо од ДНК, Весна Петрушевска, Тамара Тодевска, Калиопи и многу други. Иако мајката на младоженецот Лили Корубин е позната македонска дизајнерка, Каролина се одлучи за венчаница од Италија.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: