Музика на кирилица

Кој е поголем плагијатор Виктор Апостоловски или Џастин Тимберлејк?!

Со денови читаме и слушаме како некој познат светски пејач позајмил, украл или искористил песна од наш македонски пејач, кој што не го познаваат на Балканот, а камоли во светски рамки. И немаше да го пишуваме текстов ако не бевме испровоцирани дека Џастин Тимберлејк ќе се дрзне и ќе појде на YouTube да бара песна или делови за својата нова песна која досега можеби е милион пати посетена и преслушана и кој знае се на колку топ листи е место број 1, а нашиот ни Виктор (кој секоја чест-одлично пее) досега го видовме на “Македонскиот идол” и на неколку други места, промоции и сл. и одтогаш па наваму има неколку песни кои си имаат одредена публика.

Не не сфаќајте погрешно, немаме ништо против Виктор – битолчанецот кој што беше еден од најдобрите на “Идол”, но не можеме да сфатиме како може да се напише статус на фејсбук со цел ум дека некој познат пејач во светски рамки за кој работат тимови и тимови ќе се симне на тоа ниво да само почетокот од новата песна го ископира или украде од наш Виктор. Да, вистина е дека почетоците се слични… но, тоа незначи дека Џастин или било музичар кога би крадел песна би го украл само почетокот, како што прават одредени наши самонаречени музичари, дел од таму, дел од ваму и ете ти песна, добро е што повеќето од нив се повлекоа и сфатија конечно колку е часот.

Од целава оваа работа само едно може да се заклучи и воедно да се прашаме… кој е најголем плагијатор?! Нашиве автори кој црпат инспирација од светските музички ѕвезди, радио и телевизии или светските музичари кој се голема конкуренција сами на себе и си крадат идеи, музика… На крајот на краиштата не е ни важно, само се прашуваме зошто секогаш на македонската музичка сцена секогаш од мува се прави слон, а за тоа нашите колеги од останатите медиуми посветуваат гооолемо внимание.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: