Музика на кирилица

Наскоро Јоце Панов со нов студиски албум

Јоце Панов наскоро ќе го промовира новиот студиски албум, трет по ред кој ќе има две верзии, македонска и српско-хрватска. Пејачот кој вложува поприлично многу во својата кариера и овојпат соработувал со најдобрите автори од овој регион, а дел од темите ги потпишуваат Бане Опачиќ, Никша Братош, Миро Буљан, Антонија Шола, Саша Драѓиќ.

“Планирам да направам три големи промоции, во Скопје, Белград и Загреб и се надевам дека на публиката ќе и се допадне она што го сработивме. За дел од темите ќе снимам и спотови”, изјави Јоце Панов, додавајќи дека има голема желба во иднина да ја претставува нашата земја на изборот за песна на Евровизија.

“Евровизија е голем настан и сон на секој пејач, но не би одел по секоја цена, само доколку имам навистина голема песна, која ќе има големи шанси за победа таму, е тогаш би се натпреварувал”, заклучи Панов.

Подготви: Христина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: