Музика на кирилица

Далибор Ѓошиќ ќе промовира видео спот за македонската народна песна “Стамена”

Фолк пејачот Далибор Даки Ѓошиќ ќе го промовира својот втор видео спот од неодамна претставениот проект “Ајде сонце зајде”, на кој се најдоа обработки на македонски изворни песни. После насловната тема од албумот, в четврток, 23-ти март, ќе биде претставена и екранизацијата за познатата песна “Стамена”. Промоцијата ќе се одржи во ресторанот “Рагуза” со почеток од 12 часот.

Подготви: Дениза Илиевска

Можеби ќе ве интересира: