Музика на кирилица

Одберете идејно решение (постер) за “Макфест 2013”

Подготовките за 28-то издание на фестивалот за забавни мелодии “Макфест” влегуваат во завршна фаза. Годинава организаторот реши да понуди неколку идејни решенија за ликовно-графичкото решение за постерот за фестивалот. Наскоро на првата традиционална прес конференција ќе бидат објавени имињата на учесниците и на композициите, но во меѓувреме, организаторот на фестивалот, општина Штип и организациониот одбор, одлучија да ги вклучат и љубителите на музиката ширум Македонија во фестивалот “Макфест”. Имено, за разлика од порано, годинава подготвени се четири идејни решенија за ликовно-графичкото решение за постерот за фестивалот.

Општина Штип, на официјалниот фејсбук профил (општина Штип, Македонија) ги претстави сите четири решенија, а посетителите најдоцна до недела ќе имаат можност да гласаат за својот фаворит. Дизајнот кој ќе добие најмногу гласови ќе биде избран за официјален постер и заштитно ликовно-графичко решение за 28-то издание на “Макфест 2013“. Се повикуваат сите фејсбук сурфери, да го посетат профилот на општина Штип, каде што сите дизајни се обележани како “Верзија” од еден до четири. Можат слободно да гласаат за она идејно решение кое им се допаѓа, под самата објава, или можат да испратат и електронска порака на е-маил адреса: makfest@ popstar.com. Гласањето завршува во недела во 12:00 часот на пладне. Избраното идејно решение ќе биде официјално претставено на првата прес конференција. Инаку мотото на годинашново фестивалско издание е: “Враќање на корените”.

Во продолжение, Музика24 Ви ги прикажува четирите идејни решенија за кои напоменуваме можете да гласате до недела до 12 часот на пладне, на официјалниот фејсбук профил на Фестивалот за забавни мелодии “Макфест”.

Makfest_poster4 Makfest_poster1 Makfest_poster2 Makfest_poster3

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: