Музика на кирилица

Шок: Александра Јанева не е веќе поп пејачка? (Видео)

Пред две недели Александра Јанева на јавноста и подари нова песна која го носи насловот „Дождови”, нумера која со денови наназад ја најавуваше на своите социјални мрежи, песна за која не стивнуваат позитивните реакции, коментари. Моќен текст кој ја воодушеви публиката на прво слушање.

Авторскиот тим кој се потпишува за ова  дело се: музика и текст – Лазар Цветкоски и Александра Јанева, аранжман и продуцент – Лазар Цветкоски, а видеото, пак, кое е приказна за себе и приказна полна со многу драги луѓе на Александра е работено со Горан Симјановски.

Телевизискатаа промоција е во пол ек, по тој повод Александра беше гостинка во единствениот естраден магазин „Бекстејџ”, разговор во кој откри детали кои беа непознати за јавноста токму за песната „Дождови”, но и беше предизвикана песната да ја испее во народен фазон.

Како звучи „Дождови” доколку би била народна песна и како Александра се снајде погледнете во видеото во продолжение:

Можеби ќе ве интересира: