Музика на кирилица

„Знам“ заеднички музички проект на Калиопи и Жељко Самарџиќ

Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатиот српски пејач Жељко Самарџиќ заедно со нашата позната и популарна поп дива Калиопи, ќе одржат заедничка прес-конференција по повод соработката и објавувањето на дуетската песна „Знам“, чии комплетен автор е Ромео Грилл. А воедно, со самата промоција на песната ќе биде промовиран и видеоспотот за истата.

Промоцијата ќе се одржи на 25-ти април со почеток во 12 часот во „АудиоКултура“ во скопската населба Тафталиџе.

Можеби ќе ве интересира: