World Music

Брајан Адамс на 53 години доби втора ќерка

Популарниот пејач Брајан Адамс кој има 53 години на почетокот на оваа седмица ја добил својата втора ќерка. Девојчето родено во Лондон добило име Лула Росилеа, што во жаргонски превод значи шолја чај.

Оваа вест музичарот ја објавил на Фејсбук. Канадскиот автор е во брак со Алисија Грималди и веќе ја има двегодишната ќерка Мирабела Бани.

Необичното име девојчето го добила според празникот на кој е родена, Велики Петок. Новиот член на семејството Адамс ја продолжил традицијата, па и малата Лула добила несекојдневно име полно со симболика.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: