World Music

Канје Вест потпиша договор со „Netflix“ вреден 30 милиони долари

Познатиот рапер Канје Вест склучи договор вреден 30 милиони долари со познатиот стриминг сервис „Netflix“. Канје ќе ја раскаже својата приказна во новиот документарец кој содржи досега невидени снимки од раната кариера и приватниот живот на раперот.

Документарниот филм е составен од соработниците на Канје, Кларенс Сајмонс и Чајки Оза, а во него се вклучени моменти од раната кариера на раперот во Чикаго, смртта на неговата мајка Донде Вест, кариерата во модната индустрија и неговата претседателска кандидатура во 2020 година. Документарецот ќе биде во неколку делови, а се очекува да биде достапен за претплатниците на платформата во текот на годинава.

Можеби ќе ве интересира: