World Music

По операцијата Мик Џегер се врати на сцена

Фронтменот на Ролинг Стоунс Мик Џегер им вети на обожавателите дека ќе се врати на бина најбрзо што може по операцијата на срце во април. Тоа и го направи синоќа на концертот во Чикаго каде ги израдува илјадниците фанови со неговата неуморна енергичност и препознатливите танцови движења. Пред концертот, Џегер изјави дека изминатите недели вежбал за настапот, но не претерувал.

Американската турнејата “No filter” повторно е активна, а 75-годишниот Џегер и неговите колеги Кит Ричардс, Рони Вуд и Чарли Вотс се чини немаат намера да го забават темпото.

Можеби ќе ве интересира: