Во прв ред

Годишен концерт на “Танц студио Зодијак”

“Танц студио Зодијак” од Прилеп, со целовечерен годишен концерт ќе го одбележи својот петнаесетти роденден на 29-ти април во големата сала на Центарот за култура “Марко Цепенков” од Прилеп со почеток од 20 часот. На овој настан ќе биде прикажан краткиот филм и прочитана интернационалната порака за танцот за 2014-та година од францускиот кореограф Мourad Merzouki, а на сцената ќе се претстават сите 100 танчери.

Програмата ќе се состои од кореографии од класичниот балет, современиот танц, хип-хопот како и естрадни танци, а публиката ќе има можност да види дел од најнаградуваните кореографии од фестивали како во земјава, така и од странство. Пред се сакаме да им се заблагодариме јавно на сите оние кои помогнаа при реализацијата на овој настан: Општина Прилеп, Министерство за култура на Република Македониа, ТВ Канал Визија, Зенит, Печатница Ацетони, Макспринт, Софт копи, Месна индустрија Марфил, Кабелнет и Елит кафе.

“Секој уметник е награден од својата уметност. Секој уметник е на страната на онаа уметност која му го променила животот кон подобро. Сето тоа бидејќи тој може да се завие и пронајде во уметноста и копнее по тоа да е ехото на гласот, пронајдениот збор, интерпретација на хуман текст, музика без која светот би престанал да зборува со нас или движење кое ги отвора вратите на возвишението”, велат во поканата од ова танц студио.

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: