Во прв ред

“Ла Тана” утревечер подготвува урнебесна забава

Спектакуларна прослава по повод една година успешна работа најавува менаџментот на гостилница “Ла Тана”, место кое за многу краток период ги освои срцата на љубителите на вкусната македонска храна и изворната македонска песна.

Гостилница “Ла Тана” по повод првиот роденден подготвува забава која ќе се памти долго. За одличното расположение на гостите ќе се погрижат: Наум Петревски, Анастасија Петревска, Зуица Лазова, Милан Завков придружувани од оркестарот на емисијата “Зајди Зајди”.

Покрај забавата на роденденот ќе бидеме и хумани, донираме за децата од домот за слепи лица “Димитар Влахов”. На големата роденденска прослава посебен акцент ќе биде ставен на хуманитарната акција која ја воведува “Ла Тана” по повод една година постоење. Секој гостин ќе има можност да донира средства за Училиштето за деца со оштетен вид “Димитар Влахов” од општина Кисела Вода. Поканети се сите љубители на македонска музика.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: