Во прв ред

Моторџиска рок-журка во клубот “Шедоус”

Моторџискиот клуб “Рајт ту рок” од соседна Србија и скопскиот клуб “Шедоус” вечерва организираат заеднички настап на кој освен моторџиските презентации, програмата ќе биде исполнета и со повеќечасовна музичка програма. На сцената во клубот “Шедоус” ќе застанат српскиот бенд “Боункарвер” и охридскиот бенд “Бекдор бенд”. Овие два бенда пред извесно време свиреа заедно во Охрид, каде што добија одлични критики од публиката, пред се поради нивниот специфичен хардрок-звук и енергичен начин на свирење.

На репертоарот ќе бидат авторски песни, но и многу кавер-верзии од светски познати бендови, како: “Лед цепелин”, “Дип парпл”, “Моторхед”, “Еј-си, ди-си”, “Ајрон мејден”, “Џудаст прист” и многу други. Влезот за оваа моротџиска рок-журка е слободен.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: