Во прв ред

Помина најголемата забава со DJ Borce Panov и DJ Vladimir Acic (Фото)

Дали бевте дел од големата забава која што се оддржа во саботата на 13-ти јули на градскиот базен во Штип? Доколку сте ја пропуштиле вистинската штипска кулминација… тогаш реприза нема. За прв пат Штип по многу години да биде во чекор со најголемите светски музички случувања. Шест часа електронска музика, шест часа вистинска забава која вистинската кулминација ја доживеа благодарејќи на познатиот штипски DJ Борче Панов и DJ Владимир Ачич кој директно од светски познатиот фестивал “Егзит” директно се упати кон градот Штип каде што освен одличен прием го очекуваше и одлична публика.

Инаку, DJ Владимир Ачич кој зад себе има милион настапи, богата работна биографија и огромно музичко искуство. Надочекуваната посетеност и бројните критики со позитивни епитети ја оправдаа заложбата на организаторите: Горан Арсовски и Борче Панов, кои ја имаа целосната поддршка од “Trinity Media” и генералниот спонзор “B-Watch”, достигнувајќи ја мотивацијата за создавање “тим од утре” – кој , веќе, едно сигурно ветува : Ова е само почетокот!

Во продолжение погледнете ја фото-галеријата за тоа како штипјани, а и цела Македонија се забавуваше на 13-ти јули.

DJ Vladimir Acic / 13.07.2013 / Градски базен - Штип  / 13.07.2013 / Градски базен - Штип DJ Borce Panov / 13.07.2013 / Градски базен - ШтипПодготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: