Во прв ред

Скопје со голема забава во петок со DJ Derrick May

Славниот детроитски техно-диџеј Дерик Меј в петок ќе настапи во скопскиот клуб “Сектор 909”. Тој повеќепати има гостувано во нашата земја, а неговите настапи се паметат по добра музика и забава. Миленикот на македонската публика повторно доаѓа во Скопје како дел од неговата промотивна турнеја за компилацијата “We Love… Detroit”, која неодамна ја издаде заедно со младиот детроитски музичар Џими Едгар.

“Навистина е реткост да чуеме какво било издание од него, што само го потврдува фактот дека тој е на врвот на техно-сцената поради диџејските способности, а не поради продукцијата. Ова е прво гостување на Дерик во зимскиот клуб “Сектор” и навистина е привилегија да се слуша овој великан на техно-сцената во мал клуб. Неговата позитивна енергија, која секогаш успешно ја пренесува на публиката преку својата музика и харизма, веруваме дека најдобро ќе може да се почувствува во ваков мал простор и ќе се доживее едно незаборавно искуство”, велат организаторите на журката. Забавата почнува на полноќ, а атмосферата ќе ја загрее скопскиот диџеј Маци.

Подготви: Тања Стоилковска

Можеби ќе ве интересира: