Во прв ред

Започнува “Blues&Soul Festival” (Фото)

Во организацијата на Дирекцијата за култура и уметност од 20-ти септември па се до 22-ри септември, во Универзалната сала ќе се одржува традиционалниот музички фестивал “Blues&Soul Festival”. Оваа година чест да го отвори овогодинешното издание на фестивалот му припадна на прилепското трио “Давид Нешкоски Трио”. По отворањето на фестивалот, веднаш потоа уште првата вечер ќе имате можност да го погледнете настапот на германецот Хенрик Фраишладер. На втората фестивалска вечер пак, организаторите Ве покануваат на настапите на Дитра Фар од Чикаго и Рафаел Вресниг со својот бенд од Австрија.

Последната вечер од “Blues&Soul Festival 2013”, љубителите и почитувачите на овој жарн на музика ќе имаат можност на сцената да ги погледнат Вирџин енд ди акселерејторс, како што велат организаторите – најновата сензација на британската блуз-сцена. Со овој последен настап во Универзалната сала ќе се затвори овогодинешното издание на долгоочекуваниот “Blues&Soul Festival 2013”.

Официјален постер за овогодинешното издание на Blues&Soul 2013Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: