World Music

Деми Ловато снима комична серија за група луѓе со нарушувања во исхраната

Комичната серија на Деми Ловато за група луѓе со нарушувања во исхраната, доби нарачка за пилот-епизода од телевизиската куќа NBC. Пејачката и актерка треба да глуми и да биде извршен продуцент на проектот насловен „Hungry“. Имено серијата следи пријатели кои припаѓаат на група луѓе со проблеми во исхраната кои си помагаат едни на други додека бараат љубов, успех и совршена храна во фрижидерот што ќе го направи сето тоа подобро.

Ловато во минатото беше отворена во врска со нарушувањата во исхраната:

„Принудно се прејадував кога имав 8 години. Значи претпоставувам, за последните 10 години имав навистина нездрава врска со храната“, рече таа за ABC News во 2011 година. Деми исто така рече, дека кога работела на серијата „Camp Rock“ како тинејџерска ѕвезда на каналот „Дизни“, била навредувана од нејзините соученици поради нејзината тежина, што пак довело до булимија.

Можеби ќе ве интересира: