Музика на кирилица

Новиот албум на “Љубојна” наскоро во Хрватска

Како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24, нашиот познат етносостав “Љубојна” неодамна склучи договор со хрватската издавачка куќа “Џинџер рекордс” за реализација на повеќе проекти во Загреб, како и издавање на последниот албум на тамошниот хрватски музички пазар во винилно издание (плоча). “Радио Љубојна” или “Љубојна виа Битола, Битлси виа Љубојна” претставува деветиот студиски албум, последен од низата успешни студиски албуми.

На овој албум, чии продуцент е Оливер Јосифовски, се наоѓаат обработки на осум изворни македонски песни, а истиот е снимен во студиото “Подрумот”. И овој пат на новото издание наменето за странскиот пазар, ќе се најдат голем број на веќе познати песни, хитови чии гости се веќе докажаните Џамбо Агушев, Васил Хаџиманов, Ди-Џеј Славе и Исмаил Лумановски, и овој пат отпеани од неповторливиот глас на Вера Милошевска. Минатата година “Љубојна” со низа настапи и концерти го одбележа своето 15 годишно постоење на македонската музичка сцена.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: