World Music

Легендарниот Хулио Иглесијас ќе снима дует со “One Direction”, Тимберлејк и Бруно Марс

Шпанската музичка легенда Хулио Иглесијас во идниот период планира да сними дует со познатата британска група “One Direction”, Бруно Марс и Џастин Тимберлејк. Овој 70 годишен музичар со задоволство би снимил дует со тинејџерската атракција, со најпосакуваниот бенд моментално и смета дека тоа посебно би ги израдувало 13 годишните ќерки Кристина и Викторија, кои се нивни преголеми обожавателки. Тој на нивниот фан сајт напиша:

“Моите ќерки би биле многу среќни, ако се направи заеднички проект со “One Direction”, којзнае…”, напиша Хулио. Познатиот шпански пејач дури има направено список на неколку познати музички имиња со кои тој би сакал да сними дует.

“Ветувам дека за една година ќе ги изненадам своите обожаватели со песна во дует со некои од изведувачите на новото време. Сакам да направам нешто посебно, на пример со Бруно Марс, Џастин Тимберлејк или други актуелни изведувачи”, додава тој.

Подготви: Марија Каревска

Можеби ќе ве интересира: