World Music

Мадона ќе режира љубовна приказна

Пејачката Мадона ќе го режира новиот филм базиран на романот од Ребека Вокер “Ада: Љубовна приказна”, кој зборува за љубовта на 19 годишен американски студент и млад муслиман. Овој филм ќе биде трет режисерски проект во кариерата на пејачката. Сега поп дивата е во потрага по сценарист.

Заплетот на романот ја раскажува приказната за 19 годишниот американски студент кој оди во Кенија, каде се вљубува во млад муслиман. Младиот човек ќе се ожени, според нивните обичаи. Романот “Ада: Љубовна приказна” е деби роман на писателката Ребека Вокер, ќерка на феминистичкиор автор Алис Вокер, автор на филмот “Бојата на пурпурот”. Дебито на Мадона како режисер беше одржа во 2008 година со филмот “Верба и мудрост”.

Подготви: Ангела Трајковска

Можеби ќе ве интересира: