World Music

Рокерите од “Pearl Jam” во октомври со нов албум

Новиот десети албум на групата “Pearl Jam” ќе пристигне на 14-ти октомври и ќе се вика “Lightning Bult” (Грмотевица), пренесуваат електронските медиуми. Бендот на својот сајт ја објави и песната “Mind your manners”.

Продуцент на албумот е Брендан О’ Брајан кој што со групата веќе има соработувано на албумите “Vs” и “Vitalogy”. Групата кон крајот на оваа година ќе ја започне својата турнеја во Северна Америка. Турнејата ќе започне во Питсбург на 11-ти октомври, а ќе заврши на 6-ти декември во Сиетл.

Подготви: Дениза Илиеска

Можеби ќе ве интересира: