Музика на кирилица

Скипи се враќа на мак сцената со “Круг” (Аудио)

По паузата од неколку месеци и распадот на дуетот со Тајзи, Скипи повторно се враќа на македонската музичка сцена, овој пат продолжува сам и со нова песна. Станува збор за “Круг”, песна која што Скипи ја сними во студиото “Скипи бит”. Песната е комплетно дело на Скипи, освен текстот кој што е заедничко дело со дечките од “Мега” (Маро и Пато) и Нина Јанева која се појавува и како пратечки вокал на истата.

Додека го очекуваме официјалниот видео спот за новата песна на Скипи, во продолжение преслушајте ја верзијата која што е пуштена на интернет музичкиот канал YouTube.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: