Музика на кирилица

Хераклеја беше премала за првиот голем концерт на Виктор Апостоловски

Вчера вечер младиот пејач Виктор Апостоловски познат уште од изборот на “Македонски идол” одржа концерт на античкиот локалитет Хераклеја, Битола. Како што пренесуваат нашите колеги од локалните медиуми, се барало место повеќе за да се биде дел од големиот концерт на овој наш македонски млад и надежен пејач.

На сцената освен неговиот бенд, се појавија и неговите колеги или подобро кажано пријатели од “Македонски идол”: Јана Бурческа, Билјана Ѓошева, Мики Секуловски, Христијан Кико Тодороски и победникот на веќе споменатото шоу Иван Раденов. Концертот кој веќе подолго време се најавува е дел од манифестацијата “Бит-Фест”.

Инаку, Виктор неодамна ја промовираше својата нова песна “Најважно од се” за која што сними и спот и на која што е комплетен автор. Наесен, според најавите, го очекуваме неговиот прв деби албум.

Подготви: Елена Крагуевска

Можеби ќе ве интересира: