Во прв ред

Најавено второто издание на “True Sound of Kamenica”

Македонска Каменица се подготвува за второто фестивалско издание на “True Sound of Kamenica”. Фестивалот годинава ќе се оддржи на 3-ти и 4-ти јули, на два стејџа, Energy и Live stage, а ќе настапат реномирани македонски и балкански диџеи, хип хоп артисти и поп-рок бендови.

“Промоцијата на урбаната култура и годинава е наша основна цел. Креираме урбан фестивал кој, се надеваме, ќе прерасне во препознатлив бренд во регионот. Извонредна музика, огромна сцена, аудио-визуелно шоу, позитивна енергија и висок адреналин е она што ќе ги дочека посетителите, а фестивалот ќе биде збогатен и со низа придружни настани за промоција на графити и стрип уметност, промоција на карикатурата и афоризмот како начини на изразување”, изјави Васко Десподовски од Културно-информативниот центар “Романса” кој е организатор на “True Sound of Kamenica”.

Фестивалот е дел од Годишната програма за култура и финансиски е поддржан од општина Македонска Каменица и градоначалникот д-р Дарко Митевски.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: