Поп ѕвездата Владо Јаневски го промовирше спотот за неговата песна „Љуби, љуби“. Се работи за нумера од неговиот последен албум, а беше објавена минатата година на роденденот на пејачот. Спотот е сниман минатиот месец на локации во Скопје.
Како и обично музиката и текстот се негови, но овој пат аранжманот и продукцијата ја направи неговиот стар соработник Борис Ѓурѓевиќ, лидерот на легендарната хрватска денс група „Колонија”.