Фестивали

CMC телевизија започна со емитување на фестивалската емисија “Во пресрет на CMC фестивалот” (Видео)

14-то издание на хрватскиот музички фестивал “CMC Festival”, кој е и еден од најголемите музички хрватски фестивали на Балканот и во регионот, повторно ќе собере илјадници фанови и обожаватели на забавната и поп музика кој на 10-ти и 11-ти јуни во сончева атмосфера на море ќе уживаат во изведбите на најпознатите регионални музички имиња.

Во два дена, додека ќе трае фестивалот, ќе настапат повеќе од 40 изведувачи, а после минатогодишното издание со одредени правила, и ограничувања поради тогашната ситуација, овој 14-ти по ред “CMC Festival” е еден од најочекуваните до сега.

Од 13-ти април познатата музичка телевизија СМС Телевизија започна со емитување на фестивалската емисија “Во пресрет на CMC фестивалот” која се емитува секоја среда од 19 часот и 15 минути, а освен на оваа телевизиска станица, емисијата посветена на музичкиот фестивал се емитува ширум Балканот, на тв и радиостаниците кои се медиумски покровители на “CMC Festival”.

Оваа година фестивалот има повеќе од 80 медиумски покровители, меѓу кој е и македонскиот музички портал Музика24 од Македонија, кој ќе ги следат сите случувања поврзани со фестивалот и се што е поврзано со него. За време на двата фестивалски денови, освен вечерите кои се и официјално дел од самиот фестивал, присутните а и тв гледачите, ќе имаат можност да погледнат концерти од познати музички имиња кои ќе се одржат за време на самиот фестивал. Со оглед на тоа дека “CMC Festival” е ревијален, не би имало потреба да се навива и гласа за омилениот пејач или пејачка, бидејќи за тоа едноставно нема да има потреба.

Иако целата музичка програма се уште не е позната, познато е дека на фестивалската сцена ќе се појават познатите музички имиња: Неда Украден, Младен Грдовиќ, Златко Пејаковиќ, Јасмин Ставрос, Жера, Лидија Бачиќ Лиле, Ивана Ковач со Жељко Бебек (чии концерт е најавен на првиот фестивалски ден). Освен овие изведувачи, на фестивалската вечер се враќаат и: Давор Борно, Џентлмени, Франо Пехар и Тарапана, Индира, Љубавници, Дино Петриќ, Елио Писак, Матија, Учитејице… и уште многу други познати музички имиња.

Како што не известуваат нашите соработници, наскоро во продажба ќе се најде и фестивалска компилација во издание на Кроација Рекордс на кој ќе бидат сите фестивалски песни.

Бидете со Музика24, наскоро повеќе информации за музичкиот фестивал “CMC Festival”.

Можеби ќе ве интересира: