Преостануваат уште само 22 дена до големото дружење, забава, пиење пиво и јадење вкусна прилепска скара. И оваа дванаесета година, Македонија ќе го прославува фестивалот на пивото и скарата од 17-ти до 20-ти јули, а како и секоја година градот домаќин – Прилеп е подготвен да ги пречека гостите кои не само од земјата, пристигнуваат дури и од странство.
Како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24, официјалната четиридневна програма е конечно дефинирана. До денеска не се знаеше дали ќе настапи Даниел Кајмакоски на овој голем музички-забавен настан, иако беше најавен. Како што велат организаторите, Даниел имал одредени барања и висока сума која што ним не им одговарала, но со компромис се се решава, па дури и тој мал проблем. Тој е веќе дел од официјалната програма, а каква ќе биде овогодинешната музичка програма на фестивалот на пивото, прочитајте во продолжение.
17.07.2014 Четврток (прв ден)
- Joke (француска хип-хоп група)
- Даниел Кајмакоски (победник на првата сезона од регионалното “X Factor” шоу)
- The Toasters (Ска бенд кој доаѓа од Менхетен, С.А.Д, нешто налик на нашите “Суперхикс”) и
- DJ Nastia Zoloto & First Entertainment (позната DJ)
18.07.2014 Петок (втор ден)
- Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ (познати македонски поп пејачки)
- Игор Џамбазов & Gury Hare Band (веќе докажани музичари, не треба повеќе да се пишува)
- Владо Јаневски (познат македонски поп пејач, романтичар, познат по многубројните балади) и
- Хладно пиво (позната балканска рок група)
19.07.2014 Сабота (трет ден)
- Ефто Пупиновски (познат и веќе докажан македонски фолк пејач)
- Тони Цетински (познат балкански поп пејач, познат по многубројните хитови) и
- Јелена Розга (мега популарна хрватска пејачка)
20.07.2014 Недела (четврти ден – последен ден)
- Маид Хечимовиќ (учесник во првата сезона на регионалното “X Factor” шоу)
- Емина Јаховиќ (мега популарна балканска поп пејачка)
- Жељко Самарџиќ (познат балкански поп пејач веќе надалеку докажан и слушнат)
Се надеваме и веруваме дека веќе одбравте кој ден да присуствувате и кои музички имиња ќе Ве забавуваат. Доколку е така, тогаш деновите веќе почнавме да ги одбројуваме. Останува само да се видиме и лудо да си поминеме на фестивалот на пивото. Во следните денови детално ќе Ви ги доловиме учесниците на дванестетото издание на “Пивофест”.
Подготви: Марија Каревска