Балканленд

Македонија го престави својот евровизиски видео спот (Видео)

Тијана Дапчевиќ нашата овогодишна евровизиска претставнича, вчера на прес-конференција го промовираше евровизискиот видео спот со кој што Македонија ќе се претстави пред европската и светска јавност. Видео спотот за песната “To the sky”, со која што Тијана ќе не претставува, освен англиска, има и македонска и српска верзија. Во спотот освен нашата пејачка, се појавуваат и млади момци маникени, а исто така и хип-хоп танчери од студиото за танц “Break a leg”. Режисер на овогодинешниот видео спот е младиот и познат Мерт Арслани кој заедно со својата BMA продукција ги реализираа спотовите.

Што се однесува до песната, за музиката и аранжманот беа задолжени Дарко Димитров и Лазар Цветковски, додека текстот е на познатата поп пејачка Елена Ристевска која истиот го работеше заедно со Дарко Димитров.

На ова 59-то евровизиско издание, нашата македонска претставничка ќе настапи во втората полуфинална вечер која според сите најави треба да се одржи на 8-ми мај, а два дена пред тоа ќе имаме можност да ја погледнеме првата полуфинална вечер. Евровизија 2014 се одржува во Данска односно Копенхаген.

Искрено се надеваме дека ако неколку години по ред немаме среќа да влеземе во финалето, дека токму оваа година тоа конечно ќе се случи.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: