Балканленд

Преслава го промовираше најновиот студиски албум насловен “Да гори в љубов”

Бугарска попфолк дива Преслава пред само неколку дена го промовираше својот најнов музички албум кој го носи насловот “Да гори в љубов”, после осум години од излегувањето на последниот албум “Как ти стои”.

Официјално албумот беше промовиран и пуштен во продажба на 9-ти септември и содржи 11 песни од кои 6 се веќе добро познати на публиката, а останатите 5 се комплетно нови и досега неслушнати. За радост на нејзините многубројни обожователи премиерата на песните веќе започна во нејзиниот официјален YouTube канал – Preslava, од кои првa се појави “Не те забравям” која се искачи на прво место за најслушна песна за само 24 часа со над 150.000 прегледи и е дело на композиторот Борислав Павлов со текст на Борислав Павлов и Костадин Милев.

Но, вниманието го привлече и баладата “Не идвай” која исто така собра суперлативи од нејзините обожаватели, пред се со неверојатниот текст кој е на Росен Димитров, а за музиката се погрижи композиторот Велислав Драганински, еден од луѓето заслужен за најголемите хитови на Преслава во почетокот на нејзината кариера. На нејзиниот официјален YouTube канал можете да ги преслушате речиси сите нови песни кои се на албумот во вид на лирикс. Уживајте…

Подготви: Наташа Секуловска/Естрада Ворлд

Можеби ќе ве интересира: