Фестивали

И оваа година октомври резервиран за “Макфест”

10-ти, 11-ти и 12-ти октомври каде и да сте патиштата нека ве носат во градот под Исарот, а ќе се запрашате можеби и зошто. Токму во овој период ќе се оддржи 34-то издание на Фестивалот на забавни мелодии “Макфест”. Како што дознава музичкиот портал Музика24, на овогодинешната сцена ќе имаме можност, а можеби и привилегија да ги погледнеме и секако слушнеме познатите и препознатливи Росана Сариќ-Тодоровска, Елена Петреска, после долгогодишна пауза на макфестовската сцена се враќа и Александар Ристовски-Принц, одличниот дует помеѓу Александар Митевски и актерот Драган Спасов-Дац, а освен веќе споменатите сцената на “Макфест” ќе се појават и младите Лена и Бојан Моротови, Игор Узунов, Виктор Апостоловски, Мартинијан Кириловски… и други.

“Наградите се 5000 илјади евра за прво место, 3000 илјади евра за второ и 1000 евра за трето место, додека техничките награди се 500 евра поединечно, за најдобар аранжман “Драган Ѓаконовски-Шпато”, најдобар дебитант, вокална интерпретација и сценски настап”, изјави Кирил Панајотов, Технички директор на “Макфест 2019”.

Фестивалот финансиски го реализира Општина Штип, а истиот е поддржан од Министерството за култура со еден милион денари. За телевизискиот пренос и годинава се задолжени МРТВ, а фестивалот како и годините наназад и оваа ќе се оддржи во НУЦК “Ацо Шопов” во Штип.

Можеби ќе ве интересира: