Балканленд

Сопругата на Саша Поповиќ открива: Ние сме во куќна изолација

Фолк пејачката Сузана Јовановиќ, сопруга на продуцентот, водител и директор во “Гранд” продукција, открива дека ги почитуваат мерките за заштита и ги слушаат советите на стручните лица.

“Следиме се што ќе кажат стручните лица. Ние сме во куќна изолација. Јас до пред некој ден одев во маркетите да купувам намирници, но последните денови воопшто не излегувам. Не правев залиха на производи. Подобро, секој да земе онолку колку му треба отколку јас да купувам намирници кои ќе се расипат, а некој друг да нема што да јаде. Мора да кажам дека сум задоволна со ситуацијата во маркетите, се полнат рафтовите, има се и сешто. Барем во нашиот крај”, вели Сузана. Tаа додава дека е загрижена поради ширењето на корона вирусот, но не паничи.

“Се трудиме да не паничиме, туку да се однесуваме рационално. Се грижам, но во граници на нормалата, повеќе се грижам за Сале и децата отколку за себе. Даниел живее со девојка во стан, му кажав да не оди никаде, да биде во изолација и да не доведува никој на гости. Да јадат повеќе овошје и зеленчук. Да внесува повеќе витамини во организмот”, вели пејачката.

Саша Поповиќ спаѓа во групата на граѓани 65+ на кои им е забрането да ги напуштаат домовите. Сузана вели дека на Саша не му е тешко и дека нашол занимација во семејниот карантин.

“Колку многу работи, ова му доаѓа како годишен одмор. Мора малку да се пошегуваме. Дома е, јас му донесувам што треба, а и имаме момче кое ни ги донесува потребните намирници. Ги следи медиумите и ги слуша советите на докторите”, вели Јовановиќ.

За потсетување “Гранд” ги откажа снимањата на “Ѕвездите на Гранд”.

Можеби ќе ве интересира: