Балканленд

Светскиот рапер Џејсон Деруло позајмил музика од фолк дивата Лепа Брена (Аудио)

Српските медиуми деновиве на големо пишуваат и прават споредби, имено светски познат рапер Џејсон Деруло наводно позамил односно употребил дел од песната “Чик, чик погоди” на познатата балканска фолк пејачка Лепа Брена во неговата песна “Talk Dirty” за која што тој има снимено и видео спот. Во четириесетата секунда е делот со труби, кој што Деруло го има искористено за неговата песна, пишуваат српските медиуми.

Дали е тоа така, проверете и направете сами разлика, а тука се поставува прашањето, дали освен ние на Балканот, Лепа Брена ја слушаат или ја слушале како мали и многу денешни познати светски ѕвезди, за што самата таа треба да биде горда.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: