Балканленд

Заврши уште една Евровизија, следната година сите во Данска

Како што веќе сите знаеме овогодинешното 58-мо евровизиско издание е веќе позади нас. Во саботата милиони европјани ја гледаа Евровизија и гласаа за најдобрата евровизиска песна, што не мора да значи дека тоа е така. Но, да не критикуваме, бидејќи нашите претставници и одамна го завршија своето, барем на евровизиската сцена. Долго време се слушаше и така би, победник на Евровизија 2013-та е Данска со песната “Only Teardrops” во изведба на 20-годишната Емили де Форест која на крајот се здоби со 281 поен, веднаш зад неа се најде претставникот на Азербејџан Фарид Мамадов со 234 поени, а на третото место беше украинката Злата Огњевич.

Се надеваме, доколку воопшто следната година сме дел од ова евровизиско шоу, дека конечно ќе ни се оствари сонот и дека барем следната година нема да внимаваме на најситните детали (докажано е дека тоа е најнебитно), туку дека со одредна група, пејач или пејачка која ќе има одредена откачена песна и кореографија, ќе влеземе во финалето.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: