Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Владо Георгиев (Фото)

Неколку часа пред концертот во театарот на античкиот локалитет Хераклеја, екипата на музичкиот портал Музика24 имаше можност да поразговара со Владо Георгиев. Балканската музичка ѕвезда искрено и “без влакна на јазикот” зборува за музиката и авторските права, но и за политиката во Србија и името на Македонија. Прочитајте уште за професионалните планови и на што работи “Барба” во моментов.

Музика24: Добре дојдовте во Битола. Ова е Ваш прв настап овде. Како се чувствувате?

Владо Георгиев: Прв пат сум во Битола и многу ми се допаѓа градот, особено архитектурата. Знам дека е ова град со историја. Едвај чекам вечерва да настапам во Хераклеја, се надевам на добар концерт.

Музика24: Што вообичаено барате од организаторите кога одите во некој град за концерт? Можеби посебна храна…

Владо Георгиев: Бидејќи сум сега во Македонија барам македонци. А храна, храната во Македонија е веројатно најдобра.

Музика24: Роден сте во Дубровник, по потекло од Црна Гора, живеете во Србија, а настапувате секаде.

Владо Георгиев: Настапувам и живеам и во трета, четврта… стота држава. Јас сум космополит по вокација и ги сакам сите луѓе на овој свет.

Музика24: Како што многумина знаат да кажат, во Северна Македонија имате голема база на обожаватели. Дали сте размислувале за песна на македонски јазик, соло или во дует?

Владо Георгиев: Со задоволство би снимил. Но незнам зошто потенцирате дека ова е Северна Македонија. За мене ова е сеуште Македонија, незнам каде е Северна немам компас (се смее).

Музика24: Познато е дека сте гласен борец за авторските права. Каква е состојбата во Србија и регионот? Има ли подобрување?

Владо Георгиев: Има, има. Се е подобро, но пополека.

Музика24: Љубител сте и колекционер на винил т.е. на грамофонски плочи. Зошто е винилот толку посебен? Дали може да очекуваме винил издание на Владо Георгиев?

Владо Георгиев: Затоа што тоа е парче од нешто. Затоа што не можете да му дадете некој ништо. Ако му поклонувате на некој нешто тоа мора да биде стварно нешто, а токму тоа е плочата. Можеме да очекуваме наскоро винил издание на сите мои албуми. Моментално преговарме за тоа.Музика24: Познато е дека сте југоносталгичар. Која беше убавината на тоа време?

Владо Георгиев: Тоа беше убавина на држава која сега ја нема. Луѓето кои живеа во Југославија знаат за што зборувам. Нажалост се што се случи и како се случи, ја смени ситуацијата. Мене никој не може да ми ги земе Дубровиник, Скопје, Љубљана… јас сеуште ги сакам.

Музика24: Во изминатиов период активен сте на граѓанските протести во Србија. Знаеме дека не сте заинтересиран за политика. Што Ве потикна да се приклучите?

Владо Георгиев: Јас сум вечна опозиција и кој и да е на власт, јас сум против него. Тоа е моја вокација, јас сум роден бунтовник. Јас со родителите се скарав на 14 години и заминав сам да учам, работам и свирам во Белград. Не трпам никакви наметнувања од таа врста. Посебно не на оваа банда во Србија моментално. Тоа е најлош вид банда каква светот не видел. Се разбира ќе одам на секој протест и ќе направам се оваа власт да си замине. И нови луѓе да дојдат што поскоро.

Музика24: На што работи Владо Георгиев во моментов?

Владо Георгиев: Моментално го завршувам албумот “Боемски“ кој е стилски нешто поразличен. А паралелно работам и на друг поп-албум кој засега нема име. Веројатно тоа ќе биде назив на некоја песна. Така да наскоро ќе излезат два албума.

Интервјуто го подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: