Covers

24 Covers: “Back to Black” во изведба на Бијонсе и Андре 3000 (Аудио)

Еден од најголемите хитови на легендарната и неповторлива Ејми Вајнхаус “Back to black”, сингл кој што беше снимен за саундтракот од филмот “Големиот Гетсби”, е преработен и одново снимен во изведба на Бијонсе и Андре 3000. Како што пренесуваат светските медиуми, таткото на покојната Ејми, Мич Вајнхаус кој е одговорен за наследството на Ејми, неодамна изјавил дека досега никој нуту побарал ниту пак се обратил за добивање дозвола за преработка на синглот, но дека би се согласил за одредена сума доколку тие би сакале да ја платат, а сумата би изнесувала 100.000 фунти. Тој истовремно изјавил и дека новата верзија на “Back to black” воопшто не му се допаѓа и дека Бијонсе воопшто не се вложила и нема никаков придонес во песната.

Продуцентот Марк Ронсон на радиостаницата “East Village Radio” премиерно ја пуштил снимката, каде што вокалите се во преден план, а музиката во позадина. Во продолжение на Музика24 преслушајте ги двете верзии и искоментирајте за тоа која верзија најмногу ви се допаѓа и дали воопшто има и имало потреба од преработка.

Подготви: Елена Крагуевска

Можеби ќе ве интересира: