Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Битола се подготвува за најголемата пена парти

Наскоро, поточно на 7-ми август ќе се случи големата пена забава во градот на конзулите – Битола. По тој повод дописничката екипа на Специјализираниот македонски музички портал Музика24 подготви интервју со дел од организаторите на оваа голема забава. А што тие кажаа за настанот и се она што ќе следи со истиот, прочитајте во продолжение.

Музика24: Од каде идејата за ваква голема пена забава во Битола?

Даниел Вељаноски: Затоа што во Битола нема журка со ПЕНА.

Музика24: Што поточно ќе се случува на 7-ми август?

Даниел Вељаноски: На 7-ми август ќе се случува вистински спектакл во Битола, што досега се нема случено во последните неколку години.

Музика24: Локацијата е базенот Довлеџик, зошто токму таму?

Даниел Вељаноски: Па првото издание одлично помина на базенот Довлеџик, мислиме дека е најдобрата локација за да се одржи еден ваков фестивал.

Музика24: Од каде се очекувате посетеност на големата пена парти?

Даниел Вељаноски: Посетеност очекуваме од соседните градови Охрид, Ресен, Прилеп, Демир Хисар и се разбира од нашиот град Битола.

Музика24: Кога ќе започне, до кога ќе трае?

Даниел Вељаноски: Фестивалот ќе започне во 20 часот, а ќе трае се додека има атмосфера на подиумот.

Музика24: Кој се ќе настапува?

Даниел Вељаноски: На фестивалот ќе настапуват минатогодинашни артисти и тоа Рикардо Хернандез од Битола, и момчето од Охрид Ди-џеј Фејс

Музика24: Ќе има и UV ефекти и мнооогу пена?

Даниел Вељаноски: Па да, како што најавивме ќе има и УВ ефекти и имаме обезбедено 2 топови за пена.

Музика24: Од каде се може да се набават карти и дали сеуште има во продажба?

Даниел Вељаноски: Карти можат да се набават преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе и тоа во Brothers Tobacco на Широк Сокак и Скај Кафе по цена од 100 денари.

Музика24: Кој се организатори и на овој голем настан кој ќе се случува кон почетокот на следниот месец во Битола?

Даниел Вељаноски: Овој настан го организираме јас Даниел Вељаноски и мојот партнер Марио Наумовски.

Музика24: Остануваат уште неколку дена до одржување на настанот, кажете ни, дали се е подготвено?

Даниел Вељаноски: Па да, има скоро една недела до најлудата журка во Битола, подготовките привршуваат.

Интервјуто за Музика24 од Битола го подготви: Јовица Пауноски

Можеби ќе ве интересира: