Културо

„Бескрај“ – концерт со виолинистката Албена Данаилова

Овој четврток (21 декември) со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Бескрај“ на кој како солистка ќе настапи бугарската виолинистка Албена Данаилова, а диригент е маестро Најден Тодоров (Бугарија). На програмата се Концертот за виолина и оркестар во Де-дур од Јоханес Брамс и Симфонијата во де-мол од Цезар Франк.

Концертот за виолина и оркестар во Де-дур, опус 77, Јоханес Брамс го напишал во 1878 година и му го посветил на својот пријател, виолинистот Јозеф Јоаким. Ова е единствениот концерт за виолина што го напишал Брамс, кој според Јозеф Јоаким е еден од четирите најдобри германски виолински концерти. Концертот премиерно бил изведен во Лајпциг, на 1 јануари 1879.

Можеби ќе ве интересира: