Културо

Пијанистката Дуња Иванова ќе се натпреварува на една најзначајните маунтинбајк етапни трки во светот

Тимот на велосипедскиот клуб „Енерџи“ од Скопје во состав од пијанистката Дуња Иванова и Љубиша Кондев, од 20-ти до 24-ти април оваа година ќе посегнат по освојување на предизвикот наречен “4 Острови” во Хрватска – една од најзначајните маунтинбајк етапни трки во светот.

Класифицирана како S1 категорија според Интернационалниот сојуз за велосипедисзам (UCI), претставниците на ВК Енерџи за пет денови ќе поминат околу 270 километри со вкупна елевација од 5000 метри, минувајќи низ исклучителни технички патеки, сериозни искачувања и предизвикувачки спустови низ островите Крк, Раб, Црес и Лошињ.

“4 Острови” е уникатен натпревар за лиценцирани велосипедисти на кој досега учествувале претставници од преку 33 земји од светот меѓу кои и професионалната маунтинбајк елита.

Дуња Иванова (професионална пијанистка) е актуелен државен првак на Македонија во планински велосипедизам, како и во категориите друмско-ридски, хронометар и велокрос. Љубиша Кондев е актуелен и повеќегодишен државен првак во планински велосипедизам во  Македонија, познат по бројните титули освоени на натпреварите организирани во Словенија, Хрватска, Грција, Србија, Бугарија, Турција, Италија. Кондев е еден од првите македонци евидентиран на ранг листата на Интернационалниот сојуз за велосипедисзам (UCI) и тренер по велосипедизам  со сертификат UCI Level 2. Двајцата се подготвуваат под водство на Дејан Новковски – тренер по велосипедизам.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: