Културо

Вечерва во МОБ традиционален велигденски концерт на ансамблот “Танец”

Ансамблот за народни игри и песни “Танец” вечер со почеток од 20 часот во Македонската опера и балет ќе го одржи традиционалниот велигденски концерт, годинава насловен “Велигденско будење”. Концертот содржи богата музичко-сценска програма во која ќе бидат изведени многу фрагменти од кореографии, вокални и оркестарски изведби од нивниот понов репертоар, од 2000 година до денес.

Ќе учествуваат првенците, солистите и целиот ансамбл на “Танец” кој со овој концерт ја почнува јубилејната 70-та сезона, под мотото “Остани во чекор”.

“Чуварите на нашето музичко-фолклорно богатство со ова најавуваат храбри чекори кон модерните времиња, но и цврсто тежиште кон традиционалните вредности”, соопшти “Танец”.

Можеби ќе ве интересира: