Магазин

Дарко Илиевски за потребите на новиот спот го промени имиџот (Фото)

Познатиот македонски поп пејач Дарко Илиевски на социјалните мрежи се пофали дека го менува својот имиџ. Од својата темна коса, тој благодарение на Арменд Рамадани ја осветли со руси прамени. За порталот Вистина Дарко Илиевски изјавува:

“Решив малку да експериментирам и сум презадоволен од крајниот резултат. За мојот нов имиџ се погрижи искусниот стилист Арменд кој одлично си ја заврши работата и затоа сум му благодарен. Малку бев скептичен на почетокот, но се покажа дека тоа беше непотребнo”, вели Дарко. Меѓудругото тој открива дека веќе од утре стартува со снимање на новиот видео спот за песната “Ноќ со тебе”.

Darko IlievskiПодготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: