Музика на кирилица

Елена Велевска со ново видео за одличната балада “Говорот на телото” (Фото)

По успехот кој го направи со песната и спотот за “Зоро моја румена”, Велевска реши на својата публика да и подари ново видео за песна која е веќе е добро позната – станува збор за песната “Говорот на телото”.

Песната Елена ја издаде уште во 2003-та година и се најде на нејзиниот втор студиски албум кој го носи истото име. Текстот е на Ѓорѓи Калајџиев, а музиката и аранжманот се на Дејан Момириски. Многумина велат дека е една од најдобрите песни кои ги исполнила Елена, емотивна балада во која се пронаоѓа секоја девојка, жена…

Режисер на видеото е Бане Поповиќ, а снимањето траело два дена. Од ПР тимот на Велевска велат дека се внимавало на секој детал, а спотот во моментов е во фаза на монтажа, а промоцијата се очекува следниот месец.

Нам ништо друго не ни преостанува, освен да чекаме да дојде денот за промоција и да го погледнеме видеото, што судејќи по фотографиите видеото изобилува со секси сцени.

Можеби ќе ве интересира: