Музика на кирилица

Игор Узунов со новогодишна песна ви ја честита Новата 2018-та година (Видео)

Познатиот македонски музичар, композитор и поп пејач Игор Узунов, во пресрет на новогодишните празници и целата новогодишна еуфорија, расположение и фама, сите свои фанови а и македонската публика ја известува и воедно и ја честита Новата 2018-та година со новогодишна песна. Станува збор за специјално подготвена песна заедно со видео запис, како поздрав и честитка до сите граѓани со желби за убава и успешна 2018 година за сите, а особено за сите дечиња.

Песната е со наслов “Среќна нова…” на која како комплетен автор се појавува Игор Узунов. Втората песна со наслов “Ангел чувар” е песната со која Игор Узунов во 2012-та година ја претставуваше Р.Македонија во Кипар и во финалето се искачи на високото 3-то место. Автор на музиката и аранжманот на песната е Бертан Аслани, а текстот е на Елена Трајковска. Двата видео записи се во реализација на Томче и Кико Шуклеви од студио “Спектар КМ” од Гевгелија во режија на Ќазим Асотиќ.

Во продолжение ви предлагаме да ги погледнете двата видео спота. Уживајте!

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: