Музика на кирилица

„Цепај сине” – прв видеоспот во Македонија подготвен со помош на вештачка интелегенција (Видео)

Кантаваторот Зоран Рудан-Цеки сигурно е човекот што има напишано и посветено најмногу песни на Скопје и скопските приказни. Неговиот најнов хит „Цепај сине“ е направен во модерен аранжман и отпеан на скопски сленг. Текстот е инспириран од истоимениот бестселер на Зоран Спасов-Sоф, книга што се наоѓа на врвот на најпродавани наслови за 2023 година.

Вокалот, инструментите, музиката, текстот и аранжманот се на Цеки, а зад спотот е потпишан Sоф. Ова е прв видеозапис во Македонија, а можеби и во светот, каде што вештачката интелигенција има доминантна улога во неговото креирање.

По минатогодишниот урбан мегахит „Џабе живиш у Скопје“, ова е втор пат една книга да биде инспирација за музичка нумера.

Можеби ќе ве интересира: