Музика на кирилица

Давид Нешкоски Трио ја воодушевија бугарската публика

На нивната мини турнеја во Варна, соседна Бугарија, тие настапуваа како специјални гости на Интернационалниот музички фестивал “Discovery”, каде настапуваа рамо до рамо со најпознатите бугарски и европски музички имиња. Концертот се одржа во гламурозниот барокно дизајниран Народен театар во Варна, каде се снимаше и Live DVD од настапот на Давид Нешкоски Трио, а за скоро ќе бидат објавени live видеа од концертот.

Нивниот втор концерт се одржа во Универзалната концертната сала во Варна, каде со солистички концерт Давид Нешкоски Трио ја почести бугарската публика со live перформанс на повеќето песни од деби албумот Magical Dreamland, како и преработките на едни од најпознатите имиња на blues/rock сцената како Jimi Hendrix, Stevie Ray Vaughan, John Mayer и многу други. Како што дознаваме, во тек се преговори за повторно гостување во Бугарија.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: