Музика на кирилица

Единствениот балкански виртуоз на гитара Влатко Стефановски и триото V3 ќе настапат на третото издание на фестивалот „U zagrljaju kamena i mora“ во каменоломот Монтракер во Врсар (Фото)

На третата вечер на фестивалот „U zagrljaju kamena i mora“ на 26-ти август, во 21 часот во каменоломот Монтракер во Врсар, Хрватска, ќе настапат виртуозот на гитарата Влатко Стефановски и триото V3. Еден од најзначајните џез-рок гитаристи од овој дел од Европа, светски познат по својата единствена техника на гитара, настапува со новиот, досега најмлад состав од неговото трио, кое го сочинуваат Иван Кукиќ на бас и Јан Стефановски на тапани.

Во оваа ретка прилика, фановите ќе можат да уживаат во уникатната гитарска интерпретација на Влатко, кој што вешто ги комбинира етно, рок, џез и блузот, како и со избраниот нов музички состав, така и по избор од репертоарот на Влатко и Леб и сол, кој се состои од големи хитови како: „Јовано Јованке“, „Као какао“, „Мамурни људи“, „Чувам ноч од будних“, „Чукни во дрво“, „Скопје“, „Калајџиско оро“,…

Мајсторството на Влатко се протега и до мелодии кои ретко кој може да ги отсвири токму поради неговиот единствен спој на различни музички стилови. Стефановски има долга успешна кариера. Како член на групата Леб и сол, снимил 13 албуми. Со комбинирање на традиционалната македонска музика и рок музиката, тие влегоа во историјата како еден од најпознатите бендови во поранешна Југославија, а песните како што се: „Деветка“, „Јовано Јованке“, „Абер Дојде Донке“… станаа евергрини на македонската музика и засекогаш должни на македонската култура.

Не помалку впечатлива е и самостојната кариера на Влатко Стефановски. Од распадот на групата Леб и сол, тој има издадено 15 албуми. Тој е познат по неговата соработка со музичари од светска класа како: Томи Емануел, Сточело Розенберг, Мирослав Тадиќ, Теодоси Спасов, Јан Акерман и други. Соработката со Мирослав Тадиќ, на која тој се посвети изминативе дваесет години, фрли ново светло на акустичната гитара и истражувањето на македонската традиционална музика.

Неодамна во распродадениот „Лисински“ претстави необичен музички спој, настапувајќи со фолк ансамблот „Танец“, а за време на пандемијата со третиот состав на неговото трио во која свири со синот Јан и Иван Кукиќ, сними и нов албум под името „Taftalidze shuffle“.

На прекрасната летна сцена над морското крајбрежје од 24-ти до 27-ми август во рамки на фестивалот „U zagrljaju kamena i mora“ ќе настапат и други балкански познати музички имиња, меѓукои ќе ги споменеме: Бајага и инструктори кои ќе го отворат овој познат музички летен фестивал, потоа Томислав Бралиќ и групата „Intrade“ како и Gipsy Kings feat. Tonino Baliardo кои ќе го затворат фестивалот.

Можеби ќе ве интересира: