Музика на кирилица

Фолк пејачката Татјана Лазаревска паднала од скали!?

Како што пишуваат нашите колеги-соработници од естрадниот магазин “Естрада Плус”, познатата фолк пејачка Татјана Лазаревска имала незгоден случај при еден нејзин музички настап. Таа распеана и разиграна, како што всушност сите ја знаеме, не ги забележала скалите пред неа и паднала.

Без никаков проблем и секако без повреди, таа станала и продолжила со пеење на песната “Фато мори душманке”, а веќе присутните ја поздравиле со громогласен аплаус и дел од нив со бакшиш. Се надеваме дека Тања е добра и дека нареден пат ќе внимава малку повеќе на сцената.

Подготви: Александра Блажевска

Фото: ИНтв

Можеби ќе ве интересира: