Во прв ред

Започна “Струмица опен фест”

Вечерва во Струмица започна вториот по ред “Струмица опен фест”. Овогодинешното издание започна со дефиле од главната пошта до центарот каде струмичани на плоштадот “Гоце Делчев” го заиграа заедно со 600 играорци “Орото без граници”. По одиграното оро, на сцената следеше концерт на кои присутните имаа можност да се запознаат и да проследат музичка програма претходно подготвена од страна на 15 ансамбли кои доаѓаат од Македонија, Србија, Босна и Бугарија. Секако, како први на сцената излегоа домаѓините-струмичани односно КУД “Тримери” од Струмица кои имаа своја 10 минутна кореографија.

Забавата и музичката програма продолжува и во текот на следните десетина дена. Музика24 и на овој голем музичко-забавен настан е медиумски покровител и нашите дописници од таму секојдневно ќе ве известуваат за сите музички случувања во овој град, а поврзани со “Струмица опен фест”.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: