Музика на кирилица

Магдалена Цветкоска Ена, Лозано, Владо Јаневски… во Битола за Нова година

Градот на конзулите дефинитивно ќе има една од најбогатите и најинтересни забавни програми за дочекот на Новата година, која ќе трае три дена, а битолчани ќе се забавуваат со: Владо Јаневски, Паркети, Фолтин, Димитар Андоновски, Силви Бенд, Магдалена Цветкоска Ена, Влатко Лозаноски, Виктор Апостоловски се само дел од сето она што ќе може да се проследи во последните три дена од годината во Битола.

Новата година ќе се пречека на плоштадот “Магнолија”. Забавата ќе започне на 29-ти декември со детска програма, а во рамките на тридневното празнување најмладите ќе можат да проследат три театарски претстави, детска и тинејџерска музика.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: