Музика на кирилица

Пајак и Таско ја снимија одличната „Намерно“ (Видео)

Младиот и талентиран музичар од Охрид, 22-годишниот Христијан Настески – Пајак ја сними новата песна „Намерно“, овој пат во дует со познатиот македонски рапер Таско. Песната која е снимена за Urban Records е дело на двајцата музичари кои се погрижија за музиката и текстот, додека аранжманот е на Иван Јованов.

Таско е еден од најпознатите македонски изведувачи на рап и хип-хоп музика и текстописец. Тој започнал да се занимава со музика во 2011 година.

Последно што слушавме од Пајак беше дуетот со српската пејачка Теодора Џехверовиќ и нивната „Летна авантура“ која ја издадоа во јуни годинава. Заедно со MC Stojan во февруари годинава Пајак го објави хитот „Мала моја“, откако претходно го издаде синглот „Хабиби“, во дует со Антониа Гиговска. Заедно со Лара Иванова ја надминаа и фантастичната бројка од над 10 милиони прегледи на одличната песна „Bella“.

Младиот trap артист со музика започна да се занимава уште од негова 6-годишна возраст, а талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. Вели дека инспирација добива од други артисти, љубител е и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака.

Во продолжени, слушнете ја и погледнете го видео спотот за најновата „Намерно“.

Можеби ќе ве интересира: